$ cat jobs/production-line-supervisor-wabtec-7d79af27a022.json
Production Line Supervisor
MK: За позицијата: Го организира и надгледува процесот на производство во машинска обработка. Главни одговорности: Го организира и надгледува производствениот процес согласно планот на производствени приоритети и конструктивната и технолошката документација, Ја планира реализацијата на производствените налози по извршители и машини, Ги распределува работните задачи преку нагодувачите/програмерите или поединечно на другите извршители, Помага и учествува во нагодување на машините и изработка на пробно парче, Учествува и го надгледува издавањето на соодветен потребен алат, Ја надгледува работата на операторите и по потреба помага во разрешување на недостатоци во работата, Известува за евентуални недостатоци во техничката документација и учествува во нивно отстранување, Ја надгледува работата на машините, открива и пријавува неисправности во функционирањето на опремата, Го организира и одговара за соодветното одржување на опремата и алатите, Изготвува месечен план за потребна ХТЗ опрема, Одговара за квалитетот на производствените процеси и производите, Одговара за навремено производство согласно деловните цели и плановите и договорите за продажба, Одговара за редот, хигиената и одржувањето на опремата, алатите и работните простории, Одговара за користење на заштитна опрема согласно пропишаните стандарди, Ги спроведува работните задачи во согласност со Wabtec Quality & Performance System (QPS) активностите, Врши проверка на ТПМ и 5С листите, Ги спроведува работните задачи во согласност со документацијата на системот за квалитет по ISO 9001 (Прирачникот за квалитет, процедурите и упатствата), Постојано се надоградува и дообразува во својата работа. Учествува на обуки одредени од од претпоставените, со цел подобрување на стручните и клучните компетенции, Ги прилагодува своите квалификации и начин на работа на новите технологии и унапредените работни процедури, По потреба спроведува обука за вработените и менторира практиканти и нововработени. Квалификации: Минимални барања